Леонардо ди Каприо (45) и девојката Камила го прославија нејзиниот 23-ти роденден на јахта (фото)
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2020
Во петокот, младата девојка на 45-годишниот актер, Камила Морон, го прослави нејзиниот 23-ти роденден, на забава на јахта.
Забавата била направена во „вестерн“ стил, а Лео и Камила беа забележани како пристигнуваат на јахтата со каубојски шапки.
Парот прослави со нивни блиски пријатели, помеѓу кои беше и актерката Нина Добрев, а според изворите забавата завршила до 4 часот попладне.
Лео и Камила се заедно од 2017-та, но првпат се појавија заедно во јавност на овогодишните Оскари. Ова е првпат актерот да отиде на ваков настан со партнерка после 2005-та, кога присуствуваше на Оскарите со поранешната девојка Жизел Бундхен.
Актерот и неговата девојка биле заедно за време на карантинот во Холивуд, а некои извори велат дека вдомиле и куче.
„Секогаш се заедно, но ја сакаат нивната приватност. Одлични се еден за друг и вистински уживаа во изолацијата“, сподели извор близок на парот.
Иако Лео е 22 години постар од Камила, ова воопшто не им пречи. Дури и Камила има изјавено дека иако има луѓе кои им судат, нив не им е грижа.
„Има толку многу врски во Холивуд, и низ историјата на светот, каде што партнерите имаат голема возрасна разлика. Мислам дека секој треба да се гледа со оној со којшто сака“, изјави таа минатата година.
Прославата за 23-тиот роденден на Камила:
Спирова С. | Црнобело