Можете ли да погодите кои се петте најбогати музички ѕвезди во Србија?

На сајтот „Celebrity net worth“ лесно може да пронајдете со кое богатство располагаат вашите омилени ѕвезди доколку ве интересира овој податок.

moze-li-da-pogodite-koi-se-pette-najbogati-muzicki-zvezdi-vo-srbija-01.jpg

Верувале или не, ниту една од трите пејачки на фотографијата не е на првото место, иако сите се на листата на најбогати музички ѕвезди во Србија.

Секако, ги немаме Бијонсе и Ријана, но во регионот постојат многу ѕвезди кои заработиле милиони долари во текот на кариерата. Кои се најбогатите музички ѕвезди во Србија според сајтот „Celebrity net worth“?

Можеби очекувавте дека младите ѕвезди кои прават „бум“ на естрадата ќе се најдат на оваа листа, но сепак на врвот се оние кои со години владеат на поп-фолк сцената.

Сите информации се преземени од сајтот „Celebrity net worth“ каде може да си проверите и за други ѕвезди, но не гарантираме дека бројките се точни во целост. 

5. Според податоците на сајтот, на петтото место се наоѓа познатата поранешна ЈУ-пејачка, глумица и менаџерка Лепа Брена. Таа е родена во Босна и Херцеговина, но од '80-ите живее во Србија и „тежи“ 16 милиони долари. Многумина очекуваат дека таа би била на првото место на најбогати ѕвезди во Србија, но не знаеме на кој начин е пресметано богатството и дали со сигурност изнесува толку.

5-najbogati-zvezdi-vo-Srbija (4).jpg

4. На четвртото место се наоѓа Здравко Чолиќ, човекот кој очигледно не старее и секогаш има моќ да наполни цел стадион. Иако е роден во Босна и Херцеговина и својата земја ја носи во срце, тој се наоѓа на оваа листа бидејќи исто така одамна живее во Србија, а „тежи“ 20 милиони долари. 

moze-li-da-pogodite-koi-se-pette-najbogati-muzicki-zvezdi-vo-srbija-003.jpg

3. Богатството на Јелена Карлеуша, познатата пејачка и ТВ ѕвезда, која е омажена за фудбалерот Душко Тошиќ, се проценува на 40 милиони долари.

5-najbogati-zvezdi-vo-Srbija (1).jpg

2. Веројатно погодувате дека блиску до врвот е секако најпопуларната српска пејачка Светлана Ражнатовиќ - Цеца. Таа тежи неверојатни 80 милиони долари.

На сајтот се наведува дека нејзината популарност не престанала да се зголемува од моментот кога се појавила на сцената во 1988 година, а досега има објавено 15 студиски албуми.

5-najbogati-zvezdi-vo-Srbija (2).jpg

1. За неа речиси сите знаат дека е богата, но дали сте знаеле дека богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони долари? Популарна е и во Бугарија и Романија и сопственичка на сателитската телевизија DM SAT.

Во 2018-та богатството ѝ било проценето на 30 милиони, па во овој случај Цеца би била на првото место, но според последните промени на сајтот, тоа изнесува 100 милиони, иако не знаеме дали со сигурност е пресметано само нејзиното или заедничкото богатство со сопругот. 

5-najbogati-zvezdi-vo-Srbija (3).jpg

Имате ли да додадете некој на листата?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg