Автомобили што не ги возат, инвестиции – На што ги трошат милионите Џеј Ло и Алекс Родригез?
- Детали
- вторник, 09 јуни 2020
Моментално, Џеј Ло и Алекс Родригез се еден од најпознатите парови ширум светот, а со заедничко богатство од 700 милиони, спаѓаат и во најбогатите.
На овој славен пар не му е проблем да потроши поголема сума пари, без разлика дали за бизнис или задоволство.
Па, на што најмногу трошат Џеј Ло и Алекс?
Куќа во Малибу
Парот веќе има две куќи во Калифорнија, но сепак решија да купат уште една, и тоа на плажа во Малибу.
За куќата со површина од 400 метри квадратни, парот платил 17,6 милиони долари.
Џеј Ло инвестира 15 милиони во е-спортови
Според Forbes, Џеј Ло неколкупати правела изненадувачки и ризични инвестиции, а една од најхрабрите е инвестирањето во организацијата за е-спортови - NRG.
Се верува дека оваа индустрија ја очекува вистински бум, па веројатно тоа ја натерало Џеј Ло да одвои дури 15 милиони за ова. И нејзиниот сопруг, Алекс, инвестирал во истата организација.
Подарокот на Алекс за Џеј Ло
Алекс ѝ приреди прекрасна забава на Џеј Ло за 50-тиот роденден, со нејзините најблиски пријатели. Истовремено, тој ѝ купи и редок модел Porsche, а интересно е бидејќи пејачката немала возено цели 25 години.
„Што да му подарите на некој кој има сè? Морате да бидете креативни. Размислувам за автомобил. Иронијата е што ќе ѝ купам автомобил, но таа нема возено 25 години“, изјави Алекс за подарокот за својата сакана.
И Џеј Ло не штеди на подароци
За роденденот на Алекс, Џеј Ло му купи џип Ford Bronco. Наводно, тој толку бил радосен за подарокот, што веднаш го извозел низ градот.
Вереничкиот прстен на Џеј Ло
Алекс ја побара раката на Џеј Ло на плажа и откако пејачката прифатила, тој веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Алекс ја запроси Џеј Ло со дијамантски прстен, чија вредност се проценува на дури 4,5 милиони долари.