Автомобили што не ги возат, инвестиции – На што ги трошат милионите Џеј Ло и Алекс Родригез?
Дом во Бел Ер
Пред одреден период парот купи куќа и во Бел Ер, за која се верува дека чини 28 милиони долари.
Куќата има седум спални, паб, кино со 30 седишта, 17 паркинг места и амфитеатар со 100 седишта.
Инвестиција во јога студио
Веќе е јасно дека парот не се плаши да инвестира во разни бизниси, а еден од нив е и јога студио. Алекс дури и кажа зошто се одлучиле за оваа инвестиција:
„Причината се три основни фактори – јогата и големото барање за неа, зголемената потреба за алатки за справување со стресот, анксиозноста и депресијата, и основачот Сарвеш, кој знае како да ја направи јогата достапна за повеќе луѓе“.
Корпорацијата на Алекс
Во 2003-та, Алекс ја основа корпорацијата A-Rod Corp и оттогаш инвестира и соработува со разни големи фирми, како Snapchat.
Самиот има изјавено дека со корпорацијата имал многу повеќе работа отколку во спортската кариера, бидејќи се соочувал со навистина паметни луѓе.
Партнерство со доминикански бренд за пиво
Алекс инвестира и во бренд за пиво од Доминиканската Република. Иако ризикот бил голем, Алекс има изјавено дека овој популарен бренд не им е познат на Американците, па сигурно соработката ќе се покаже како успешна.
Инвестирање во недвижности
Корпорацијата на Алекс инвестира и во 14-катна зграда во Њујорк, која има 114 станови. Веројатно бил сигурен дека го прави вистинското нешто, бидејќи за ова цел одвоил 66,25 милиони долари.
Што е следно?
Очигледно е дека парот не троши само на луксуз и забава, туку и двајцата бараат начин да го зголемат нивното богатство.
Во последно време се раширија гласини дека Алекс и Џеј Ло сакаат да го купат бејзбол тимот New York Mets. Сè уште не е познато до каде се со оваа намера, но од Forbes споделија дека е тешко остварлива.