Деца на славни личности кои изградија успешна холивудска кариера настрана од нивните родители

Кога имате славни и успешни родители, може да биде тешко да излезете од нивната сенка. Ако, пак, одлучите да градите кариера во истата област како нив, уште потешко е да го добиете заслуженото признание за вашиот труд.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-01.jpg

Но, децата на некои славни личности успеале да го прослават своето име, настрана од нивните родители.

Во продолжение погледнете дел од нив:

Кејт Хадсон

Ќерката на Голди Хоун, Кејт Хадсон, не само што има успешна актерска кариера, туку си има заработено и номинација за Оскар за улогата во „Almost Famous“. За истата улога освои и Златен глобус.

Денес Кејт има свои деца, па последниве неколку години повеќе се посветува на семејството.

Во 2013-та, пак, таа стана и коосновач на брендот за спортска облека Fabletics.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-02.jpg

Маја Хок

Маја е ќерка на Ума Турман и Итан Хок, а нејзиното актерско деби го направи во 2017-та, во мини-серијата „Little Women“.

Набрзо потоа таа доби улога и во популарната серија „Stranger Things“, каде што ќе се појави и во следната, четврта сезона.

Младата актерка имаше и мала улога во „Once Upon a Time… in Hollywood“, и тоа не бидејќи мајка ѝ има соработувано со режисерот Квентин Тарантино.

Туку, Маја си се пријавила на аудиција и ја избрале поради нејзиниот талент.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-03.jpg

Зои Кравиц

Зои, ќерката на Лиса Бонет и Лени Кравиц, веќе со години е модел и актерка. Помеѓу другите, таа се појави и во филмовите „X-Men: First Class“ и „Mad Max: Fury Road“.

Зои успеа да добие улога и во претстојниот филм „The Batman“, а веројатно го наследила и талентот на татко ѝ – таа е дел од бендот Lolawolf.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-04.jpg

Софија Копола

Навистина е тешко да се истакнете како режисер ако вашиот татко е Френсис Форд Копола. Но, Софија успеа во тоа.

Режисерката доби Оскар за најдобро оригинално сценарио за „Lost in Translation“, а истиот филм имаше номинација и за најдобра режија.

Истовремено, таа стана втората жена во историјата на Канскиот филмски фестивал која ја доби наградата за најдобар режисер, за филмот „The Beguiled“.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-05.jpg

Дакота Џонсон

Ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон имаше мали улоги во „The Social Network“ и „The Five-Year Engagement“.

Но, откако ја доби главната улога во „Fifty Shades of Grey“, нејзината кариера тргна во нагорна линија.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-06.jpg

Лили-Роуз Деп

Најстарата ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради почна да гради кариера како модел, и од 2015-та таа е амбасадор на Chanel.

Младата девојка заплива и во актерските води и има улоги во филмови како краткометражниот „My Last Lullaby“ и претстојните „Dreamland“ и „Silent Night“.

deca-na-slavni-lichnosti-koi-izgradija-uspeshna-holivudska-kariera-nastrana-od-nivnite-roditeli-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg