„Пола година откако нè одвоија“ – 8-годишниот Алекс е копија на мама Северина (фото)

Помина пола година откако на Северина ѝ беше одземено старателството над синот по 8 години, а таа се огласи на Инстаграм по тој повод.

pola-godina-otkako-ne-odvoija-8-godishniot-aleks-e-kopija-na-mama-severina-foto-01.jpg

Пред 6 месеци, поранешниот сопруг на Северина ѝ го одзема старателството над синот Александар кој дотогаш живееше со неа, за што таа вели дека тој употребил многу конекции за да го постигне нивното одвојување.

Потсетете се на Северина со трогателна исповед: „Молам да го видам моето 8-годишно дете“

Наводно, тој не бил задоволен од начинот на кој таа се грижи за синот, за тоа што премногу го прикажува на социјалните мрежи, како и за тоа што не му дозволувала да оди на училиште, каде што тој впрочем бил малтретиран.

На 28 мај поминаа 6 месеци од нивното одвојување, а таа објави видео од емотивната изведба на „Rodjeno moje“, песна посветена на нејзиниот син, која ја испеа на 7-ми декември 2019-та во арената во Загреб.

„Денес е точно пола година од неправосилното одвојување на едно 8-годишно момче од својот дом. Во тие 6 месеци (182 дена), со синот поминав точно 29 дена или 690 часа. Во тоа „рамноправно родителство“ ми беа исто така одземени 180 часа заради самопрогласување на самоизолација. Ова е мојот глас против неправдата. Ви благодарам на сите кои дојдовте да ме поддржите и ми дадовте неверојатна количина на сила и љубов. Ви благодарам.“

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, малечкиот Алекс е прекрасно 8-годишно момче, кој многу наликува на Северина. Тој е како нацртана кукла.

На Инстаграм во минатото таа споделуваше повеќе фотки со него, а има и неколку нови преку кои таа се потсетува на убавите денови поминати заедно низ годините.

Погледнете ги нивните најубави фотки:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на Еми наградите 2024 – Селена Гомез е заљубена „до уши“ Селена Гомез изгледа среќно и вљубено додека партнерот на секој чекор ја бакнува...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg