Конечно откриенa баналната причина зошто се скарале Меган Маркл и Кејт Мидлтон
- Детали
- среда, 27 мај 2020
Кејт сега е лута поради тоа што сите кралски обврски ѝ се оставени на неа, но зошто се скарале на почетокот со Меган Маркл?
Уште додека Меган Маркл беше дел од кралското семејство кружеа гласини за нејзините несогласувања со Кејт Мидлтон. Но, сега е откриена причината.
Наводно тензијата помеѓу нив потекнува уште од кралската свадба во мај 2018 година кога Меган и Кејт се скарале околу тоа дали принцезата Шарлот и другите деверици треба да носат хулахопки.
Кејт сакала Шарлот, која тогаш имала 3 години, и другите деверици да носат хулахопки за да го следат протоколот, додека Меган била против тоа. Тензијата дури кулминирала во кавга за време на една од пробите за свадбата.
На фотографиите од свадбата се гледа дека девериците се со голи нозе, па очигледно Меган победила во кавгата.
Инаку, луѓе блиски до Кејт Мидлтон велат дека таа се чувства преоптоварено поради сите кралски обврски кои им останале на неа и на принцот Вилијам, откако Меган и принцот Хари се преселиле во САД. Војвотката се чувствува „преморено и заробено“, велат блиски луѓе до неа.
Прочитајте и Вилијам и Кејт ги изигнорираа Меган и Хари на нивната последна кралска должност (фото+видео).
С. С. | Црнобело