Напад со нож, сообраќајна незгода: Какви приказни кријат лузните на познатите?
- Детали
- вторник, 26 мај 2020
Зарем постои личност која нема барем една лузна на своето тело?
Многу жени имаат лузни од породувањето со царски рез, многу луѓе носат лузни од операции, а речиси сите имаме по некоја лузна од повреда во детството.
Бидејќи и познатите се само луѓе, ни тие не се имуни на повреди, а на некои лузните им станале и заштитен знак.
Во продолжение можете да дознаете која приказна се крие зад лузните на славните:
Џејсон Момоа
Актерот има една од најпрепознатливите лузни. Лузната на неговата лева веѓа е од 2008-ма година - тој бил во некој бар во Холивуд, кога бил нападнат со скршена стаклена чаша.
Мажот што го нападнал му ја расекол веѓата и, на крај, Џејсон добил дури 140 конци за да му ја средат раната.
Тина Феј
Кога имала само 5 години, Тина била нападната со нож од странец, кој ѝ оставил лузна под усните. За жал, напаѓачот никогаш не бил најден.
Актерката има изјавено дека поради нападот, возрасните се однесувале многу подобро со неа, а поради лузната, сите деца знаеле која е.
Сил
За лузните на Сил се има зборувано многу. Кружеа гласини дека тоа се ритуални племенски лузни, но и дека се резултат на некоја ужасна несреќа.
Сепак, пејачот има изјавено дека лузните се последица од болест на кожата што ја имал во детството.
Енди Ворхол
Познатиот уметник беше застрелан во 1968-ма година, и едвај преживеа. Подоцна се дозна дека хирурзите морале да му го отворат градниот кош и да му го масираат срцето за да преживее, а од операцијата му останале познатите лузни.