Најде писмо од Коби, ќеркичката ја облече во аутфит од Џиџи – Ванеса го прослави 38-иот роденден
- Детали
- среда, 06 мај 2020
Во вторникот, Ванеса Брајант го прослави нејзиниот 38-ми роденден, првпат без сопругот Коби и ќерката Џиџи.
Но, не значи дека роденденот поминал без изненадување – Ванеса пронашла писмо што ѝ го напишал Коби, и решила да го отвори на денот на нејзиниот роденден.
„Вчера најдов плик адресиран до: Љубовта на мојот живот. Од, Коби. Чекав да отворам уште едно писмо на мојот роденден. Тоа ми даде причина да се радувам за денот.
Ми недостасуваат љубовта на мојот живот и мојот Бик. Благодарна сум што се разбудив со моите три девојки денес. Посакувам сите да бевме заедно“, напишала Ванеса на својот Instagram.
Ванеса додава и дека било иронично што со писмото имало и слика од ангел кој ја држи неа.
https://www.instagram.com/p/B_0AJnUj3FM/
Ванеса не сподели што ѝ напишал Коби, но објави фотографија со ќерките, заблагодарувајќи им се за цвеќињата и роденденската декорација.
https://www.instagram.com/p/B_08hEoDqR6/
Ванеса сподели и фотка од малата Капри, која носи облека од сестра ѝ Џиџи:
„Капри изгледа исто како татко ѝ! (во облека на Џиџи)“, напишала Ванеса.
https://www.instagram.com/p/B_0exjqDL2F/?igshid=yrkycpirlogl&fbclid=IwAR3FN4hZGdh25Wav8_eG18l1I9gZih_0tN7jLrHikHG2CtNZbq22HVPsqEI
И Наталија Брајант објави фотографија по поводот роденденот на мајка си:
„Среќен роденден мамо. Многу те сакам!“ - стои во описот.
https://www.instagram.com/p/B_1aEnCJgjI/?igshid=1jy751q2f1krg&fbclid=IwAR32gz76NZ2WCSbMoinzF0IXnJ8NPZ7N4ilWDWNlcITuqSgHl70V8pYZ700
На први мај, Џиџи требаше да го прослави својот 14-ти роденден, а Ванеса го обележа денот со трогателна објава.
Спирова С. | Црнобело