Дијамантски прстен за Викторија, златен лаптоп за Дејвид – Какви подароци си бираат Бекамови?
- Детали
- вторник, 05 мај 2020
Бекамови се едно од најпознатите семејства во светот, а нивното богатство се проценува на околу 320 милиони фунти, па веројатно е нормално е што се разгалуваат на посебните денови.
Со оглед на богатството кое го имаат, вообичаено Дејвид и Викторија се трудат да живеат скромен живот и така ги учат децата, но сосема е очекувано понекогаш да си дозволат полуксузни подароци.
Како ги одбележувале родендените членовите на ова семејство низ годините?
Во саботата, за неговиот 45-ти роденден, познатиот фудбалер си доби винтиџ „флипер“ кој чини околу 3.500 фунти.
Изгледа тешко е да одберете добар подарок за маж, жена или дете кои имаат сè, но Бекамови се навистина креативни.
Нивната 8-годишна ќерка Харпер има добиено слика од Дамиен Хирст, која чини 600.000 фунти. Викторија, пак, која неодамна наполни 46, беше на патување во Париз, а 21-годишниот Бруклин го прослави роденденот со забава која чинеше речиси 100.000 фунти.
Во 2012-та, за роденденот Дејвид си доби кошаркарски дрес потпишан од Меџик Џонсон, кој чини 500 фунти и за кој вели дека му е најубавиот роденденски подарок.
Во 2008-ма, за неговиот 33-ти роденден, фудбалерот доби лаптоп, но не каков било, туку златен. Наводно, златниот лаптоп чинел околу 10.000 фунти.
Синот Бруклин, пак, за 17-тиот роденден си доби Mercedes кој чини 33.000 фунти, а за 18-тиот родителите му подарија тетоважа која чини 500 фунти.
Во 2017-та, Харпер го прослави нејзиниот 6-ти роденден пиејќи чај во Бакингемската палата, а според некои извори, Бекамови биле поканети во палатата од принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.
Во 2004-та Викторија доби веренички прстен од Дејвид кој чини 65.000 фунти, а за 30-тиот роденден доби дијамантски прстен кој чини речиси 850.000 фунти.
За седмиот роденден Харпер доби пони коњ кој чини околу 7.000 фунти, а нејзиниот татко за својот 26-ти роденден доби дијамантски обетки кои чинат 20.000 фунти.
Во 2018-та, фудбалерот доби Louis Vuitton кутија за вино и две стаклени чаши - „скромен“ подарок од 4.500 фунти. Кутијата му ја подари малата Харпер.
Спирова С. | Црнобело