Како вистинска принцеза: Харпер Бекам го прослави 6-иот роденден во Бакингeмската палата
- Детали
- понеделник, 10 јули 2017
Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам, го прослави 6-иот роденден со принцезата Еугени во Бакингемската палата.
Иако е сѐ уште непознато зошто Харпер била поканета во куќата на кралицата, родителите се горди на своето мало девојче и го покажаа тоа на социјалните мрежи.
Таа носеше син фустан како од бајките, инспирирана од Елса од Frozen, а Бекамови ги упатија своите честитки преку Инстаграм.
Викторија објави фотографија без да алудира на неочекуваната локација и напиша: „Нашата мала роденденска принцеза. Бакнежи.“
Дејвид пак, објави фотографија каде таа позира со принцезата и напиша: „Харпер е среќна што запозна вистинска принцеза во Палатата.“
https://www.instagram.com/p/BWW9nEqBe-U/?taken-by=davidbeckham
Претходно, гордиот татко објави уште една фотка заедно со неговата ќерка и напиша: „Среќен роденден на нашата посебна млада дама... толку посебно девојче што ни носи радости и среќа во животите... Среќен 6-ти роденден (не ми се верува дека веќе имаш 6 години) имај најубав ден те сакаме наша убава дамо.“
Нејзиниот брат Круз напиша: „Драга Харпер, не ми се верува дека поминаа дури 6 години. Ти си толку голема девојка и најдобра сестра на светот. Те сакам премногу, имај прекрасен ден.“
https://www.instagram.com/p/BWW8NgYH3_-/?taken-by=cruzbeckham
Нејзиниот најстар брат, Бруклин, објави слатка фотка на која напиша: „Среќен роденден на мојата мала сестра. Те сакам премногу.“
https://www.instagram.com/p/BWW5yMaDkfM/?taken-by=brooklynbeckham
Додека пак, Ромео, сподели исто така слатка фотографија и напиша: „Среќен роденден на најдобрата сестра на светот!!! Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден. Те сакам премногу.“
https://www.instagram.com/p/BWW7PM6gXI5/?taken-by=romeobeckham
М. М. | Црнобело