Бруклин Бекам го прослави 21-виот роденден – Како изгледаше забавата од 100.000 фунти? (фото)
- Детали
- вторник, 10 март 2020
За неговиот 21-ви роденден, во неделата, синот на Викторија и Дејвид Бекам направи огромна забава.
Прославата се одржуваше на имотот на Бекамови познат како Cotswolds, а присуствуваше и девојката на Бруклин – Никола Пелц.
И покрај тоа што се заедно само шест месеци, според споделените фотографии изгледа дека Никола и Викторија се сложуваат одлично. Очигледно девојката на Бруклин веќе е дел од семејството Бекам.
Бруклин ја изрази и неговата благодарност кон родителите:
„Ви благодарам мамо и тато што ми организиравте ваква неверојатна забава минатата вечер. Им благодарам на моите пријатели што беа дел од вечерта што никогаш нема да ја заборавам.“
На забавата, гостите ги забавувал и раперот Stormzy, а прославувањето траело до 6 наутро.
Одлично си поминале и Дејвид и Викторија. 44-годишната модна дизајнерка сподели неколку фотографии од вечерта на кои танцува со сопругот Дејвид, a тој не пропушти шанса да ја допре сопругата за задник.
Според изворите, целата прослава чинела неверојатни 100.000 фунти, а Бруклин бил пресреќен.
„Многу труд се вложи во големиот ден на Бруклин и тој е многу возбуден. Ќе има познати од ѕид до ѕид“, изјавија изворите.
Погледнете каква беше атмосферата на роденденската забава на Бруклин:
Спирова С. | Црнобело