„Кежуал поза за чистење на 41 година“ – Никол Шерцингер прави шпага со џогер во рака (фото)
- Детали
- четврток, 30 април 2020
Изгледа на 41-годишната Никол ѝ е сосема нормално да брише подови во поза на шпага – пејачката се покажа како „права домаќинка“.
Кога не може да ја покаже својата флексибилност на настапи, Никол од карантин се фали со своите способности.
Шерцингер покажа како чисти во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а тешко дека некој ќе успее да го прифати и направи овој предизвик.
Облечена во светкав комбинезон и високи штикли, во поза на шпага, таа испозира со џогер во рака.
„Кежуал стил за чистење и готвење во карантин“ - напиша таа во објавата.
Пејачката изгледа сака да се покаже во домаќинско светло, па објави и фотка како прави ручек.
Освен со домаќински работи, таа ги предизвикува девојките да ги повторат нејзините кореографии од познатите хитови. Во што сте подобри?
М. М. | Црнобело