Разведените Брус Вилис и Деми Мур бојат во карантин, сопругата оди по доктори со ќерка му
- Детали
- среда, 22 април 2020
Дел од фановите се воодушевени од функционирањето на бившите сопружници, дел од нив се лути бидејќи се ставаат во кожата на сегашната сопруга.
Брус Вилис (65) и Деми Мур (57) пред 20 години ставија крај на 13-годишниот брак, а сега речиси цел месец се во изолација во ист дом заедно со нивните 3 деца.
Последната фотографија од идиличната куќа на Деми во Ајдахо е како сите заедно седат на маса и бојат.
Разведениот пар очигледно функционира одлично, но сопругата на Брус, Ема, со која е во брак од 2009 година, е во Лос Анџелес со нивните две деца и тоа ги збуни фановите.
Но, Скаут Вилис (28), една од ќерките на Брус и Деми објасни дека нејзината маќеа Ема исто така требало да дојде, но, за жал, една од нејзините полусестри преку чевелот се боцнала на ногата на игла во паркот, па затоа морале да појдат на доктор.
Ема останала за да ги чека резултатите од испитувањата, Брус дошол порано, а потоа следело и затворањето на границите.
Скаут вели дека ѝ е чудно, но и кул што е во иста куќа со родителите кои ѝ се развеле пред 20 години, поточно во куќата во која е порасната.
Инаку, сопругата на Брус изгледа нема проблем со ова, постојано им остава коментари под фотките, а со Брус се во контакт преку видео повици.
Прочитајте и Зошто Деми Мур е магнет и за помлади мажи!
Фотки од Ема и ќерките:
С. С. | Црнобело