Како Меган Маркл и принцот Хари повторно ги разлутија медиумите?
- Детали
- вторник, 21 април 2020
Меган Маркл се брани од нападите на татко си на суд и го нарече лажго, а од друга страна со еден потег со принцот Хари повторно успеаа да го навлечат на себе револтот на британските медиуми.
Меган Маркл го нарече нејзиниот татко лажго и негираше дека знаела дека некои од нејзините влијателни пријатели планираат да откријат детали за нејзината врска со него во еден американски магазин во период околу нејзината свадба, открија новите докази изнесени на суд.
СМС пораки открија дека Меган и принцот Хари пред свадбата всушност се обидувале да го заштитат Томас Маркл и дека тој наводно бил присилен да не учествува на свадбата поради проблеми со здравјето.
Меган посочи и дека Томас не ја признал вината за тоа дека исценирал фотографии неколку седмици пред свадбата, каде наводно гледа фотографии од ќерка си во интернет кафе за светот да го жали.
37-годишната Меган исто така тврди дека била несвесна дека 5 нејзини блиски пријатели ќе интервенираат во тој период и ќе дадат интервјуа во магазинот People за нејзината врска со татко си во февруари 2019.
На овој начин Меган наводно му ја нападнала приватноста на татко ѝ, кој воопшто не е јавна личност.
Во периодот дел од пораките од Хари до Томас Маркл се: „Ако ја сакаш Мег и сакаш да ги направиме работите правилно јави ми се“, „Многу сум загрижен за твоето здравје и безбедност“...
Додека тука се бранат, од друга страна Хари и Меган напаѓаат...
Тие лансираа низа тужби до британските медиуми во знак на протест за тоа како нивните животи биле третирани. Тие официјално изјавија дека повеќе нема да соработуваат со голем дел од британските медиуми.
Медиумите веднаш ги нападнаа дека ова не е поддршка на слободниот печат, туку цензура.
„Со диктирањето со кој медиум ќе работат, а кој ќе го игнорираат, тие несомнено им даваат пример на богатите и моќните од цел свет да го прават истото и да нападнат одреден медиум кога ним им одговара“.
Инаку во време на пандемијата Хари и Меган волонтираат во непрофитната организација „Project Angel Food“, која им доставува оброци на болни лица.
С. С. | Црнобело