Ана де Армас, новата Бонд девојка: „Не сум доволно убава и совршена за улогата“
- Детали
- четврток, 16 април 2020
31-годишната кубанска актерка Ана де Армас ќе ја глуми Палома, главната женска улога во новиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“. Самиот Даниел Крег ја препорачал за улогата.
Но, девојката на Бен Афлек се грижи дека улогата нема да биде особено голема и значајна, и дека самата таа не е доволно убава за да биде „Бонд девојка“.
„Толку години, Бонд девојките се еден конкретен тип на жена. Јас ја поврзувам со некаков вид совршенство и убавина над нормалното. Стандарди на кои не одговарам соодветно. Бев шокирана кога режисерот ми се јави и ми рече: „Сценариото за улогата сè уште не е напишано, но ние сакаме ти да ја играш главната улога“.
Колку Ана де Армас навистина „не е убава“, проценете самите:
(О)Милена | Црнобело