Девојка се омажи за мажот што ѝ го спаси животот при масовното пукање во Лас Вегас
- Детали
- четврток, 16 април 2020
Љубовта понекогаш има чудни патишта, а оваа љубов се родила при еден од најголемите масакри на сите времиња во САД со 58 жртви и стотици повредени.
Шантал Мелансон уживала во бар со пријателките кога ѝ пристапил Остин Монфорт, таа не знаела дека само 24 часа подоцна овој странец ќе ѝ го спаси животот во масовно пукање во Лас Вегас, едно од најстрашните кои се случиле досега во САД.
Во неделите по немилиот настан Шантал и Остин продолжиле да комуницираат за да си даваат поддршка по трагедијата, иако таа живеела во Канада, а тој во Калифорнија.
Парот во ноември 2019 година стапил во брак, а голема свадбена церемонија планирале во мај годинава во Лас Вегас, но ја откажале поради корона вирусот.
„Имаше причина што се сретнавме, тогаш кога се сретнавме. Си требавме еден на друг во хаосот. Изгледаше како да се знаеме отсекогаш“, вели 29-годишната Шантал.
Инаку таа отишла во Лас Вегас на концерт тој кобен период во 2017 година, а откако Остин ѝ оставил добар впечаток во барот минатата ноќ, таа го поканила на коцертот со неа.
Но, во 22 часот започнало пукањето и од 22.000 луѓе присутни на коцертот, убиени биле 58, а ранети 869 луѓе.
Шантал и Остин прво мислеле дека станува збор за огномет, но кога сфатиле што се случува легнале на подот. Иако повеќето луѓе се растрчале на сите страни, Остин останал до Шантал цело време и потоа ја одвел до излезот.
За среќа, минале без повреди. Тие отишле во болница за да однесат една ранета жена, а Остин цела ноќ бил покрај Шантал и правел да се чувствува безбедно.
„Тој беше моето сигурно место“, вели Шантал.
Потоа продолжиле да комуницираат, а 6 недели подоцна Остин ја посетил во Канада и оттогаш започнала нивната врска со патувања еден кај друг.
Ја запросил во март 2018 година на плажа, направиле мала венчавка и иако прославата во Лас Вегас им е откажана, тие се среќни што не се во различни држави и се заедно во карантин.
Прочитајте и Модерни „Ромео и Јулија“ во Италија: Се вљубиле гледајќи се од терасите во карантин.
С. С. | Црнобело