Првиот Велигден без Коби и Џиџи - Ванеса Брајант објави слатко видео од помалите ќерки
- Детали
- понеделник, 13 април 2020
Годинава се покажа како навистина лоша, но Ванеса Брајант се соочи со трагедија уште пред проблемот со корона вирусот да стане сериозен.
На 26-ти јануари, таа ги изгуби ќерката Џиана и сопругот Коби во страшна хеликоптерска несреќа.
Сега, Ванеса и ќерките го прославија првиот Велигден без нив.
За да ја разбуди велигденската атмосфера, Ванеса сподели слатко видео од 3-годишната ќерка Бјанка, која си игра со големо декоративно велигденско јајце. Веднаш до неа седи 9-месечната Капри која љубопитно ја набљудува нејзината сестра.
„Велигденски подароци! Бјанка и Капри“, стои во описот на видеото.
https://www.instagram.com/p/B-2WiGVDSCZ/
Периодов Ванеса го минува со Бјанка и Капри, но и 17-годишната ќерка Наталија.
https://www.instagram.com/p/B-5_hBTj5KQ/?fbclid=IwAR38FR6TliW9BONy_DZEwYP_Kqhjs9sALR9lN5jJ-ScGgeeh1xtDz4dvoHg
Сопругата на кошаркарот постојано ги користи социјалните мрежи да им оддаде почит на загинатите Коби и Џиана, споделувајќи сеќавања, но и постхумните достигнувања на Коби, како неговото вклучување во Naismith Memorial Basketball Hall of Fame и објавувањето на неговата книга The Wizenard Series: Season One.
https://www.instagram.com/p/B-Z1XnyD4As/
Истовремено, 37-годишната Ванеса се обидува да им овозможи сè на своите деца, вклучувајќи и малку забава за велигденските празници.
https://www.instagram.com/p/B8UK5TmjmDp/
https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/
Спирова С. | Црнобело