„Берлин“ е сингл: Како изгледаат партнерите на актерите од хит-серијата La Casa De Papel во реалниот живот?

Се чини дека изминативе неколку денови сите бевме опседнати со новото продолжение на шпанската хит-серија La Casa De Papel во продукција на Нетфликс.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel-01.jpg

Одлични глумци, сценарио со заплет и неочекувани пресврти и супер музика, La Casa De Papel е вистинско освежување помеѓу сериите, а добрата вест е што ќе продолжи во декември, 2020 година, додека следната сезона се очекува некаде во септември, 2021 година.

Она што сепак најмногу нè привлекува во серијата се актерите. Одличната актерска екипа предводена од „Професорот“ односно Álvaro Morte, и секако останатите во тимот ограбувачи: Токио, Најроби, Хелсинки, Денвер и апсолутно незаменливиот Берлин.

Но, дали сте се запрашале како изгледаат партнерите на актерите од La Casa De Papel во реалниот живот?

Úrsula Corberó – Токио

30-годишната Урсула Корберо му е девојка на 31-годишниот аргентински актер Chino Darín. Тој е најпознат по улогата во филмот Mirage (Durante La Tormenta). Заедно се од 2016 година.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (8).jpg

Álvaro Morte – Професорот

45-годишниот шпански актер е оженет со Blanca Clemente која е стилист по професија. Заедно имаат две дечиња кои се близнаци.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (2).jpg

Alba Flores – Најроби

33-годишната Алба родена во шпанската престолнина Мадрид е отворена во врска со својата сексуалност, односно се декларира како лезбијка, а нејзината последна официјална партнерка е 33-годишната пејачка и текстописец Ondina Maldonado.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (4).jpg

Miguel Herrán – Рио

23-годишниот катер ни е познат по улогата на Кристијан во првата сезона од уште една хит-серија од шпанското говороно подрачје, Elite. Мигел официјално се води како сингл, меѓутоа многумина го поврзуваат со 19-годишната актерка Sandra Escacena.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (3).jpg

Jaime Lorente – Денвер

28-годишниот актер e во врска со актерката María Pedraza (која ни е позната од првата сезона на La Casa De Papel, како и од првата сезона на серијата Elite каде што ја глумеше Марина). Во врска се од 2018 година.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (9).jpg

Pedro Alonso – Берлин

48-годишниот и најхаризматичниот актер од екипата, Педро Алонсо, во моментов е сингл. Никогаш не бил оженет.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (12).jpg

Esther Acebo – Стокхолм

За 37-годишната Естер се шпекулира дека конечно има момче во коешто е вљубена и ја прави многу среќа, меѓутоа папараците сè уште не успеаја да ги уловат заедно. Актерката многу вешто го крие својот приватен живот.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (6).jpg

Itziar Ituño – Лисабон

45-годишната Ицијар покрај тоа што е актерка пее и во 3 различни бендови. И покрај тоа што не е официјално потврдено, се шушка дека таа неодамна се омажила со актерот Juan Fernández, кој исто така глуми во La Casa De Papel.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (10).jpg

Darko Perić – Хелсинки

43-годишниот српски актер никогаш не сонувал дека ќе стане толку славен. Неговата сопруга е од Романија каде што актерот живеел одреден временски период пред да заврши во Барселона, а самиот се декларира како „граѓанин на светот“ и „глумец од Балканот“.

Kako-izgledaat-partnerite-na-akterite-vo-La-Casa-De-Papel (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg