Во корона кризата Анџелина Џоли мисли на гладните дечиња - донираше 1 милион долари
- Детали
- четврток, 26 март 2020
Oколу Анџелина Џоли отсекогаш имало контроверзии, но едно е сигурно кога е во прашање помагањето на другите и хуманитарната работа, таа е царица.
Анџелина Џоли години наназад е активна со хуманитарната работа, а и сега во време на корона кризата таа не заборави на дечињата кои поради пандемијата не одат на училиште периодов, а со тоа и немаат пристап до оброк.
Таа донираше 1 милион долари за организацијата „No Kid Hungry“, која собира финснсиски средства за помош на децата од семејства со многу слаби приходи.
44-годишната актерка вели дека многу од овие деца зависеле од здравите оброци кои ги добивале на училиште, па сега не смее да заборавиме на нив.
Оваа организација прави напори да помогне на што повеќе дечиња во светот.
Прочитајте и 15 ужасни работи кои Анџелина Џоли му ги правеше на Бред Пит!
С. С. | Црнобело