Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло додека чекаат резултати од тестот кој едвај го нашле

46-годишната Хајди почувствувала симптоми на корона вирус, па решила да направи тест, кој едвај успеала да го најде, а додека ги чека резултатите седи во одвоена просторија од сопругот.

hajdi-klum-i-soprugot-se-baknuvaat-preku-staklo-dodeka-chekaat-rezultati-od-testot-koj-edvaj-go-nashle-01.jpg

Хајди Клум во вторникот се разболела пред да почне снимањето на America’s Got Talent, а на Инстаграм Стори ги извести фановите за нејзината состојба.

Таа почувствувала треска, температура, кашлица и растечен нос, но не можела да се тестира за COVID-19.

„Се надевам дека е само обична настинка, би сакала да направам тест за корона, но тука нема никаде тест. Се обидов кај двајца различни доктори и не можам да најдам“, изјави супер моделот, но откако и нејзиниот сопруг Том Каулиц, се вратил болен од турнеја, парот конечно успеал да направи тест.

hajdi-klum-i-soprugot-se-baknuvaat-preku-staklo-dodeka-chekaat-rezultati-od-testot-koj-edvaj-go-nashle-02.jpg

Додека ги чекаат резултатите од тестот, Хајди и Том се во самоизолација и се заштитуваат меѓусебно во различни простории, а на Инстаграм објавија видео во кое се бакнуваат преку стакло.

„Како многу од вас, и јас се разболев, како и мојот сопруг кој неодамна се врати од турнеја. За да се заштитиме, седиме одвоено додека не стигнат резултатите од тестот за корона.

Не сакаме да шириме бактерии и да ги загрозуваме другите, па дури и ние самите меѓусебно. Колку и да сакам да го прегрнам и бакнам, многу е поважно да ја направиме правилната работа и да не дозволуваме да се шири.

Ова се чудни времиња... но во овие моменти, се потсетувате на она што е навистина важно – луѓето кои ги сакате и нивна заштита.“

Хајди уште еднаш апелираше до сите да си останат дома и да се заштитат себеси и најблиските.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хајди Клум искрена за интимниот живот: „Бившиот беше многу стар, сегашниот сопруг може да издржи со ... „Јасно ви е дека немам некој одреден тип (на мажи). Сум била со ќелави, стари, м...
Хајди Клум (51) ужива на плажа топлес и со танга бикини – разменува страсни бакнежи со помладиот соп... Има родено 4 деца и на 51 година не се грижи за коментарите за голото тело – Хај...
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg