Кој го наследи богатството на Пол Вокер и зошто семејството било гневно?

На 30-ти ноември 2013-та, ѕвездата од „Fast & Furious“, Пол Вокер, трагично го загуби животот.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-01.jpg

Актерот изгубил контрола над автомобилот што го возел и направил сообраќајка.

Потоа се дозна дека богатството од 25 милиони долари ѝ го оставил на ќерката – одлука што ги разгневи неговите блиски.

Оттогаш, ќерка му Медоу го прекина контактот со останатите членови на семејството, но изгледа дека тие се обидуваат повторно да се вратат во нејзиниот живот.

Па, што точно се случува?

Пол го направил тестаментот 12 години пред несреќата

Според изворите, Пол го направил неговиот тестамент на само 28 години, уште во 2001-ва. Истата година беше премиерата и на првиот филм од серијалот „Fast & Furious“.

Пол сè уште не беше ѕвездата што ја знаат сите и многумина сметале дека е премногу млад да прави такви планови за иднина.

Оваа одлука му помогнала на семејството да го избегне распределувањето на имотот според законот. Но, тоа што решил сè да ѝ остави на тогаш 2-годишната ќерка разочарало многумина од неговото семејство.

Интересно е што бидејќи го направил тестаментот уште во 2001-ва, во него не се наоѓаше партнерката Џасмин, со која беше околу 7 години.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-02.jpg

Врската на Пол и Медоу била навистина силна

И покрај тоа што беа шокирани, од семејството на Пол изјавија дека врската помеѓу него и Медоу била многу силна.

Во документарецот „I Am Paul Walker“ од 2018-та, неговиот татко изјави:

„Никој татко не го сакал своето дете како што Пол ја сакаше Медоу.“

Медоу одлучи да не се појави во документарецот за нејзиниот татко. Братот на Пол, Кејлеб, ја одбрани нејзината одлука, изјавувајќи дека таа е приземјена млада дама:

„Таа е срамежлива и приземјена. Можеби ѝ требаат уште неколку години. Но, целосно ја почитуваме нејзината одлука. Очигледно, би сакале да се појави во документарецот, но не беше подготвена.“

Подоцна Кејлеб изјави дека Медоу не присуствувала на семејното гледање на документарецот.

„Таа се справува со неговата смрт на нејзин начин, исто како сите ние.“

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-03.jpg

Пол сакал мајка му да се грижи за Медоу

Поголемиот дел од детството, Медоу го поминала со нејзината мајка во Хаваи. Подоцна, околу 3 години пред смртта на Пол, таа се пресели да живее со него.

Интересно е што Пол ја именувал неговата мајка како старател на Медоу, наместо нејзината биолошка мајка.

Шерил Ан Вокер, мајката на Пол, поднесе барање за старателство во 2014-та, тврдејќи дека мајката на Медоу има проблеми со алкохолот.

Сепак, за кратко тие направиле компромис, па оттогаш Медоу живее со мајка ѝ.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-04.jpg

Медоу го прекина контактот со семејството Вокер

Според изворите, Медоу нема прозборено со членовите од семејство на татко ѝ веќе некое време. Браќата и мајката на Пол, пак, биле тажни поради ова.

„Семејството е тажно поради целата ситуација – им се плаче само што ќе помислат на тоа. Медоу не зборува со браќата на Пол, Коди и Кејлеб, ниту пак со нивната мајка. Семејството на Пол се надева дека кога-тогаш, Медоу ќе се врати во нивните животи“, сподели еден од изворите.

Наводно, тие ќе ја пречекале со раширени раце и им било јасно низ што сè поминала по смртта на татко ѝ.

„Тој загина кога таа беше само тинејџер, кога започна да оди во ново училиште. Само што почна да живее со Пол и тогаш почна да се поврзуваат, па беше ужасно за неа да помине низ сето тоа. Шокот беше преголем за постарите од семејството, не па за 14-годишно девојче“, вели изворот.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-05.jpg

Семејството на Пол ја поддржува Медоу во желбата да изгради кариера како модел

Наводно, Медоу сега се обидува да стане модел. Иако веќе не зборува со останатите од семејството, тие тврдат дека таа ја има цела нивна поддршка.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-pol-voker-po-negovata-smrt-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg