Го очекуваат нивното прво дете - Работи што не сте ги знаеле за врската на Илон Маск и Грајмс
Илон Маск е вистински воркохолик
Откако ќе се роди детето, можеби на Грајмс нема да ѝ се допаѓа што нејзиниот партнер е вистински воркохолик. Знаевте ли дека неретко, Илон преспива во неговата компанија, наместо да си оди дома?
Некои од вработените во Tesla и SpaceX дури се пожалиле дека и од нив се очекува да работат колку Илон, што е навистина многу.
Ја започнаа врската веднаш откако Илон раскина со Амбер
Иако многумина беа убедени дека Илон започнал врска со Грајмс само за да ја преболи Амбер, парот е заедно долго време.
А, кога ќе земете предвид дека го очекуваат и првото дете, јасно е дека помеѓу двајцата пости љубов.
Притоа, очигледно е дека Грајмс е многу подобар партнер за Илон отколку Амбер.
Илон веќе има деца
Детето со Грајмс нема да му биде прво на Илон. Милијардерот има дури пет деца – Хавиер, Невада, Дамијан, Каи, Саксон и Грифин.
Дали размислуваат за брак?
Грајмс очигледно е девојка која не ја следи традицијата, а поради ова многумина се прашуваат дали воопшто размислува за брак.
Многумина сметаат дека помеѓу парот сепак постојат огромни разлики, особено во политичките ставови, па тешко дека некогаш ќе го кажат судбоносното да.
Илон прави и музика
Како што Грајмс е научник, така и Илон се обидува да стане музичар. Ова не зачи дека треба да го очекуваме неговиот прв албум. Едноставно, музиката ја гледа како хоби.
Веројатно инспирацијата ја добил од неговата девојка.
Илон имал многу проблематични врски
Првата жена на Илон се вика Џастин и наводно, долго време се обидувала да ги искористи врските што ги имал Илон. И првата и втората сопруга на Илон се вистински убавици, исто како и Амбер.
Грајмс има малку поразличен стил од нив, што очигледно му се допаѓа на Илон.
За милијардерот е познато дека има минато со навистина проблематични врски.
Грајмс не сака да го разгали нејзиното дете
Грајмс често зборува за тоа каква мајка сака да биде. Таа смета дека разгалувањето на детето е огромна грешка, која ќе се обиде да ја избегне.
Таа сака нејзините деца да ја знаат вредноста на парите, да научат да ги завршуваат нивните обврски и, пред сè, да останат приземјени.
Спирова С. | Црнобело