Го очекуваат нивното прво дете - Работи што не сте ги знаеле за врската на Илон Маск и Грајмс
- Детали
- сабота, 14 март 2020
Милијардерот Илон Маск и пејачката Грајмс се креативни луѓе кои делат многу интереси.
Пејачката Клер Бушер, која на светот му е позната како Грајмс, студирала неврологија, па на некој начин и двајцата се научници.
Парот е заедно веќе некое време, но бидејќи ретко споделуваат новости за нив, сигурно не сте ги знаеле овие работи:
Грајмс е бремена
Знаевте ли дека Грајмс и Илон го очекуваат нивното прво дете? Наводно, пејачката била во 7-от месец од бременоста.
Сепак, била загрижена за тоа дали ќе биде добра мајка, но овој страв е нормален.
Илон е мистериозен за нејзината бременост
Грајмс често зборува за бременоста, но Илон е малку позатворен.
Фановите дури и не знаат дали бебето на Грајмс е негово, но веројатно не треба да се сомневаме за ова.
Милијардерот еднаш напиша твит за кој многумина сметаат дека се однесува на бебето, но и твитот не кажува ништо, освен „x is y“, односно „х е у“.
Фановите се радосни за приновата
Ако ги следите новостите на Twitter, можеби имате забележано дека фановите навистина сакаат да зборуваат за Илон, Грајмс и нивното неродено бебе.
Грајмс сака да зборува за бременоста
Можеби пејачката е малку чудна, но сите што ја знаат велат дека е многу приземјена личност.
Таа со задоволство зборува за нејзината бременост и има изјавено дека ќе му дозволи на детето само да си ги одреди родот, идентитетот и неговата улога во светот. Изгледа Грајмс ќе биде навистина модерна мајка.
Илон и Грајмс се справуваат со скандалот со Амбер Херд
Илон и Амбер беа пар, а милијардерот има изјавено дека бил скршен кога раскинале.
Постојат и гласини дека тие се гледале додека Амбер сè уште беше со Џони Деп. Всушност, и самиот актер го има изјавено ова.
Грајмс, пак, не се грижи премногу за бившата на Илон. Многумина ја сметаат за генијалец и партнер достоен за Илон.
И Грајмс се соочува со несаканите симптоми од бременост
Пејачката има изјавено дека како и секоја жена, и таа ги чувствува непријатните симптоми од бременоста.
Наводно, најголем проблем ѝ претставувале заморот и иритацијата на кожата.