Елена Ристеска откри дека го пронајде вистинскиот – дали ќе започне „нов живот“ на Флорида?

33-годишната Елена Ристеска откри дека ја пронашла својата вистинска љубов.

elena-risteska-otkri-deka-go-pronajde-vistinskiot-dobi-i-chestitki-za-brak01.jpg

Елена Ристеска објави две романтични фотографии направени на изгрејсонце на Флорида прегрната со маж.

Според описот на фотографијата таа го пронашла вистинскиот и заедно со него вели дека почнува една нова ера во нејзиниот живот.

„Ова е почеток на нова ера... На една долга љубовна приказна... Приказна за вистинската љубов... Со активирање на твоите сетила и интуицијата ќе го пронајдеш вистинскиот...“

Фановите беа возбудени за новостите, а многумина од нив ѝ напишаа честитки од срце. Дали честитките се упатени на сметка на новата љубов или можеби станува збор за свадбени ѕвона, останува да видиме.

Инаку во последно време Елена објавува фотографии од Мајами, па од вечерни излегувања до јога часови, изгледа дека таа ужива во престојот таму.

Фотки од нејзиниот престој на Мајами:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, баре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg