Најплатен модел, скандал со реклами - Подемите и падовите на Кендал Џенер низ фотки

Скандалот со маичките и Кајли Џенер

Кајли и Кендал направија маички на кои се наоѓаа лицата на некои од најпознатите имиња во светот – Тупак Шакур, Ози Озборн и The Notorious B.I.G.

Но, фановите не беа воопшто импресионирани, па маичките набрзо беа тргнати од продажба.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-12.JPG

Во 2018-та беше прогласена за најплатен модел

Веќе до 2018-та Кендал си ја зацврсти позицијата во модната индустрија. Истата година, таа ѝ го зеде тронот на Жизел Бундшен и Forbes ја прогласи за најплатен модел.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-13.JPG

Уште едно разочарување со реклама

Кендал навистина ги разочара фановите откако објави дека на социјалните мрежи ќе ја сподели нејзината „најлична“ приказна. Набрзо се откри дека „приказната“ е всушност реклама за Proactiv, бренд кој прави продукти за третирање акни.

Крис Џенер ѝ помогна во најавата и промоцијата на видеото, а двете беа остро критикувани за ова.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-14.JPG

Легендарната кампања на Calvin Klein

Кендал е најбараниот модел во светот, па не е ни чудно што работи за Calvin Klein.

Кампањата на брендот ги вклучуваше и Бела Хадид, A$AP Rocky, Шон Мендез, Били Ајлиш…

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-15.JPG

Неславниот фестивал Fyre

Изгледа ниту еден скандал не може да се спореди со оној за фестивалот Fyre.

Овој настан беше промовиран од многу инфлуенсери, меѓу кои и Кендал Џенер. Фестивалот беше претставен како луксузно музичко искуство на приватен остров, а документарецот за тоа како пропадна овој настан можете да го погледнете на Netflix.

Сѐ „падна во вода“ заради лоша организација. 

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-16.JPG

Ревија на Alexander Wang

На ревијата на Alexander Wang во 2019-та, Кендал изгледаше подобро од кога било.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-17.JPG

Моментот кога ги навреди сите со нејзините плетенки

После одморот во Јамајка, Кендал ја носеше косата во плетенки (како на фотографијата).

Но, на многумина не им се допадна ова бидејќи станувало збор за „културно присвојување“.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-18.JPG

Уште една проблематична фризура

Кендал (уште еднаш) беше обвинета за културно присвојување кога се појави на Instagram профилот на Vogue со афро фризура.

Многумина се прашуваа зошто едноставно не фотографирале жена со темна кожа штом сакале таков изглед.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-19.JPG

Навреда за сите модели на планетата

Кендал беше мета на многу критики после изјавата за списанието Love:

„Уште од почетокот сум многу пребирлива за тоа на кои ревии ќе се појавам. Никогаш не сум била од оние девојки кои се појавуваат во 30 ревии или што и да е што прават.“

Кендал дефинитивно ги одбрала погрешните зборови и успеа да ги навреди сите модели во светот.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-20.JPG

Изненадување на ревијата на Burberry за пролет 2020

Кендал прошета на модната писта во Лондон и за првпат ја покажа новата фризура.

Многумина се изненадија што Кендал одлучила да стане русокоса.

podemite-i-padovite-na-kendal-jenner-niz-20-fotografii-21.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg