Тревис не е таткото на Сторми, не завршила средно - Гласините што Кајли Џенер сака да ги заборавиме

Кајли Џенер буквално порасна пред очите на јавноста и се трансформира во личност која најмалку ја очекуваа.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-01.JPG

Најмладата од кланот Кардашијан-Џенер стана највлијателна од семејството, но и најмладата милијардерка во светот.

Но, со волку слава и успех, озборувањата и гласините се неизбежни. Всушност, Кајли е личност за која навистина имаме слушнато секакви работи.

Во продолжение погледнете ги гласините што таа сигурно сака да ги заборавиме:

Со Тревис Скот се разделени засекогаш

Кајли и Тревис беа заедно некое време, пред да го најават раѓањето на нивната ќерка Сторми Вебстер во 2018-та.

Иако парот ја издржа првата година од животот на Сторми, во октомври 2019-та се разделија. Оттогаш почнаа и гласини дека не планираат никогаш да ја обноват врската.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-02.JPG

Поврзаноста со О. Џ. Симпсон

О. Џ. Симпсон е чувствителна тема за семејството Кардашијан-Џенер.

Иако Кајли нема никаква поврзаност со поранешниот кошаркар, нејзината мајка, но и сестра ѝ Клое се жртви на безброј гласини во врска со настаните со Симпсон.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-03.JPG

Козметички корекции

Промената на изгледот на Кајли е повеќе од очигледна.

Најмногу внимание привлече промената на нејзините усни, за кои Кајли тврдеше дека се природни. Подоцна таа призна дека користи филери.

Сепак, Кајли е „обвинувана“ дека направила и други естетски корекции, за кои сè уште нема кажано ништо.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-04.JPG

Кој е вистинскиот татко на Сторми?

Бидејќи е една од најпознатите личности во свето, на Кајли ѝ е потребно обезбедување. Еден од телохранителите на Кајли беше Тим Чунг, кој работеше за неа пред неколку години.

Проблемот е што почнаа да се појавуваат гласини дека можеби тој е вистинскиот татко на малата Сторми Вебстер.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-05.JPG

Кајли и Дрејк во врска

По разделбата на Кајли и Тревис, веднаш почнаа гласини дека милијардерката се гледа со Дрејк.

Кајли беше забележан како излегува од домот на Дрејк, а потоа беа забележани заедно уште неколкупати. Сепак, Кајли ги побива сите овие гласини.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-06.JPG

Проблемите со Џордин Вудс

Можеби најголемиот скандал во животот на Кардашијанс е оној со Џордин Вудс.

Кога Клое беше со Тристан Томпсон, се дозна дека Џордин, тогаш најдобрата пријателка на Кајли, всушност спиела со него.

Иако наводно, тие само споделиле бакнеж, според гласините, се гледале некое време.

trevis-ne-e-tatkoto-na-stormi-ne-zavrshila-sredno-glasini-shto-kajli-jenner-saka-da-ischeznat-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg