Кој го наследи целото богатство на Мајкл Џексон?

Каде се децата на Мајкл?

23-годишниот Принц во мај минатата година дипломираше на Loyola Marymount University, и тоа со сите почести.

„Запознав многу луѓе и научив толку многу, што самото искуство е многу вредно. Би сакал да можам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да стигнам дотука, но не можам и, за жал, не се сите присутни овде“, изјави тој во Instagram објава.

Можеби Принц не го наследил талентот за играње и танцување, но го покажа неговиот интерес за продукција. Па, во 2016-та тој ја основа продукциската куќа King’s Son Production.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-05.JPG

21-годишната Париз одлучила да ги следи чекорите на татко ѝ.

Во 2018-та, таа го формираше бендот The Soundflowers, заедно со нејзиното момче Габриел Глен.

Покрај настапите со нејзиното момче, Париз заплива и во актерските води. Во 2017-та се појави во серијата „Star“, а во 2019-та, во серијата „Scream“.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-06.JPG

Бланкет, кој сега го користи името Биги, најдобро ја чува својата приватност. Тој не користи социјални мрежи и за него е познато многу малку.

Тој и неговиот постар брат Принц имаат YouTube канал наречен Film Family, каде што зборуваат за најновите филмови.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-07.JPG

Кои организации добија 20% од богатството на Мајкл?

Дури 20% од целокупното богатство на пејачот заврши кај разни детски добротворни организации.

Иако не е познато за кои организации станува збор, додека беше жив, Мајкл поддржуваше дури 39 разни организации. Најверојатно, парите заминале кај нив.

Дел од нив се Childhelp USA, End Hunger Network, Make-A-Wish Foundation, Elizabeth Taylor AIDS Foundation и многу други.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-08.JPG

Колку всушност изнесува богатството на Мајкл Џексон?

Според извештаите на Forbes, пред неговата смрт, богатството на Мајкл изнесувало 2 милијарди долари.

Неколку години подоцна се појавија гласини дека пејачот се движел кон банкрот и дека имал долг повеќе од 300 милиони долари.

Сепак, во моментот на неговата смрт, пејачот имал 236 милиони долари.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
8 холивудски скандали што сигурно сте ги заборавиле Скиентолошкото видео на Том Круз кое протече онлајн, но и судењето на Мајкл Џекс...
Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас е убавица како мајка ѝ – Прослави 21-ви роденден во фуста... За прославата за нејзиниот 21-ви роденден, ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg