Кој го наследи целото богатство на Мајкл Џексон?
- Детали
- понеделник, 02 март 2020
Помина една деценија од смртта на кралот на попот, но едно прашање сè уште ги мачи сите – Кој го наследи целото негово богатство?
Кои се овие луѓе, што прават денес и колкав дел од имотот и богатството завршиле кај добротворни организации?
Во продолжение, дознајте ги одговорите:
Поголемиот дел од имотот го наследи мајката на Џексон
Во октомври 2009-та, девет месеци по смртта на пејачот, се дозна дека неговата мајка Кетрин ќе наследи 40% од богатството на пејачот.
40% од парите добија неговите деца, а останатите 20% беа донирани во добротворни организации и цели.
Се дозна и дека управниците на Мајкл, Џон Бранка и Џон Меклејн ќе одлучат колкава количина ќе биде донирана, но и дека децата на Мајкл ќе го наследат имотот по смртта на Кетрин.
Истовремено, Кетрин до крајот на нејзиниот живот ќе добива по 86.804 долари месечно.
Каде е Кетрин денес?
По смртта на сопругот Џо Џексон во 2018-та, здравјето на Кетрин почнало да се влошува. Наводно, само два месеци по смртта на Џо, Кетрин имала излив на мозокот.
Сепак, овие тврдења беа побиени во април истата година, од нејзината внука Женевив.
„Кој и да ја раскажал таа приказна, лажел. Таа немаше излив и нејзиното здравје дефинитивно не се влошува. Кетрин е во ред!“ – изјави тогаш Женевив.
Денес се знае многу малку за животот на Кетрин. Во август минатата година се појавија гласини дека Кетрин е „премногу слаба“ за да се грижи за најмалиот син на Мајкл, Бланкет. Наводно, оттогаш за него се грижел неговиот братучед Ти Џеј Џексон.
„Ти Џеј им беше како татко на овие деца уште од смртта на Мајкл и секогаш ги ставал нивните потребни пред неговите“, сподели еден извор.
Според изворот, Бланкет ѝ станал како негувател на Кетрин и тоа морало да се промени, па момчето почнало да живее со Ти Џеј.
Во 2017-та, Кетрин доби привремена забрана за приближување на нејзиниот внук Трент Ламар Џексон, откако ја злоупотребила неговата моќ.
Децата на Мајкл добија 40% од наследството
Како што веќе напоменавме, и децата на Мајкл добиле дел од богатството.
Наводно, Принц (23), Парис (21) и Бланкет (18) добиле огромно наследство, а истовремено добиваат и 8 милиони долари годишно.
Се претпоставува дека секое од децата денес „тежи“ околу 100 милиони долари.