Како „близначки“ - Бела Хадид и Карла Бруни личат неверојатно многу (фото)
- Детали
- петок, 28 февруари 2020
Бела Хадид неретко е споредувана со Карла Бруни, а двете убавици често знаат да се пошегуваат за ова.
23-годишниот модел и 52-годишната поранешна прва дама на Франција позираа заедно за насловната на ELLE France, а нивната сличност никогаш не била поочигледна.
Бела и Карла се фотографирани со креативниот директор на Burberry, Рикардо Тиши. И двете носат фустани од познатиот бренд, па дури и наликуваат на мајка и ќерка.
Бела ја сподели насловната на нејзиниот Instagram профил, со опис:
„Сонување… Моите души близнаци Карла и Рикардо, сите заедно за ELLE France. Ве сакам и двајцата.“
https://www.instagram.com/p/B9Ek5xUgSQv/
Фановите на моделот веднаш ја забележаа сличноста меѓу неа и Карла, а позитивните коментари не изостанаа.
Кога Карла првпат ја запозна Бела на Канскиот филмски фестивал во 2018-та, се пошегува дека ја открила нејзината скриена ќерка.
Карла во минатото работеше како модел и соработуваше со најголемите модни куќи - исто како и Бела.
Спирова С. | Црнобело