„Ми го пиша бројот на билет од воз и уште го чувам“ – Бекам се навраќа на запознавањето со Викторија

Се запознале на еден од неговите фудбалски натпревари во 1997-ма, веќе се 20 години во брак, а Дејвид уште го чува билетот на кој Викторија му го запишала бројот кога си се додворувале.

mi-go-pisha-brojot-na-bilet-od-voz-i-ushte-go-chuvam-bekam-se-navrakja-na-zapoznavanjeto-so-viktorija-01.jpg

44-годишниот Дејвид гостуваше кај Џими Фелон и откри интересни детали од запознавањето со сопругата, Викторија Бекам.

Тој ја забележал Викторија на еден од натпреварите уште една недела пред да се запознаат, но таа тогаш била со нејзиниот менаџер.

„Знаевме за Spice Girls, очигледно, бидејќи тогаш беа многу популарни, а јас се докажував во мојот тим Manchester United. Не успеав да зборувам со неа тој ден, но по една недела, таа се врати во Манчестер да гледа уште еден натпревар.“ – открива Дејвид.

mi-go-pisha-brojot-na-bilet-od-voz-i-ushte-go-chuvam-bekam-se-navrakja-na-zapoznavanjeto-so-viktorija-002.jpg

Фудбалерот тогаш бил решен да не ја пушти уште еднаш да си замине, па се охрабрил:

„Таа испи неколку пијачки, а јас одлучив, зошто да не? Ќе се обидам да ѝ го добијам бројот. Зборувавме речиси 1 час, a потоа ми го запиша бројот на нејзиниот билет од воз, кој уште го чувам.“ – продолжува тој.

mi-go-pisha-brojot-na-bilet-od-voz-i-ushte-go-chuvam-bekam-se-navrakja-na-zapoznavanjeto-so-viktorija-02.jpg

20 години подоцна, Дејвид и Викторија се уште во среќен брак, а ги имаат децата Бруклин, Ромео, Круз и малечката Харпер.

Погледнете го целото видео во кое зборува за семејството:

Прочитајте ги 11-те тајни за семејството Бекам. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg