Лажна бременост, развод, дел од Илуминати - 15 гласини што Бијонсе сака да ги заборавиме
- Детали
- среда, 26 февруари 2020
Со над 120 милиони продадени албуми, Бијонсе е една од најпознатите пејачки во светот.
За разлика од повеќето познати кои сакаат да споделуваат за нивниот живот на социјалните мрежи, познатата пејачка ја цени својата приватност.
Бијонсе не споделува детали од нејзиниот живот само за да ги забавува фановите и сака да ги контролира гласните кои кружат за неа.
Сепак, никој не може да ги контролира озборувањата, па низ годините се изнаслушавме сешто за пејачката.
Од гласините дека ја лажирала бременоста со Блу Ајви, па сè до тврдењата дека е дел од Илуминати, ова се гласините што Бијонсе сигурно сака да ги заборавиме.
Имала врска со нејзиниот телохранител
Кога се појавија гласини дека Џеј Зи ѝ бил неверен на Бијонсе, веднаш почнаа озборувањата дека таа се гледала со нејзиниот телохранител Џулијас ДеБоер.
Џулијас ги штити Бијонсе и Џеј Зи со години и двајцата го сметаат за многу добар пријател. Одовде станува јасно зошто пејачката би сакала да заборавиме на овие „празни муабети“.
Ја лажирала бременоста со Блу Ајви
Можеби најинтересната теорија на заговор за Бијонсе е дека ја лажирала првата бременост.
Кога Бијонсе првпат ги соопшти новостите за бременоста во 2011-та, фановите беа навистина среќни.
Но, после едно австралиско интервју многумина почнаа да се сомневаат во нејзината бременост, бидејќи на снимката изгледа како нејзиниот стомак да е лажен.
Бркала членови на Destiny’s Child
Во раните 2000-тити, ЛаТавија Роберсон и ЛеТоја Лакет повеќе не беа дел од бендот на Бијонсе.
Со нивната замена, се појавија и гласини дека токму Бијонсе е причината за ова.
Наводно, нејзиниот татко, кој беше и менаџер на групата, сакал Бијонсе да биде главна ѕвезда, а ЛаТавија и ЛеТоја ѝ претставувале конкуренција.
Не ја сака Ким Кардашијан
Бијонсе и Џеј Зи се долгогодишни пријатели со Канје Вест. Кога во 2011-та раперот ја започна врската со Ким, многумина се прашуваа за мислењето на Бијонсе.
Уште оттогаш постои верување дека Бијонсе воопшто не ја сака Ким, но според она што го гледаме во јавноста, веројатно станува збор за лага.
Намерно не отишла на свадбата на Ким и Канје
Фановите беа шокирани кога Бијонсе и Џеј Зи не присуствуваа на венчавката на Ким и Канје во 2014-та.
На денот на венчавката, Бијонсе сподели „лежерна“ фотографија на Instagram и многумина прокоментираа дека тоа ѝ било поважно од венчавката на пријател ѝ.
Бијонсе е дел од Илуминати
Како и за многу познати личности, и за Бијонсе се појавија гласини дека е дел од Илуминати.
„Најсилниот“ аргумент за оваа теорија на заговор е тоа што пејачката редовно го покажува симболот кој наводно им припаѓа на Илуминати (како на фотографијата).
Пејачката го прави симболот и во неколку музички спотови, но зарем ова е доволен доказ?
Татко ѝ ги натерал Кели и Мишел да си ги променат имињата
Луѓето мислат дека имињата на Кели Роланд и Мишел Вилијамс се оние што им ги дале родителите.
Но, вистинското име на Кели е Келендрија, а на Мишел е Тенитра.
Наводно, таткото на Бијонсе сакал таа да биде ѕвездата и само таа да има уникатно име, па ги натерал девојките да ги променат имињата во Кели и Мишел.