Предизвик без шминка: Гвинет Палтроу, девојката на Кијану Ривс, Кејт Хадсон и Деми Мур (фото)
- Детали
- петок, 21 февруари 2020
47-годишната Гвинет Палтроу организираше забава на која беше забранета шминка, а Деми Мур, Кејт Хадсон и девојката на Кијану, беа дел од пријателките кои го испочитуваа правилото.
Гвинет организираше ексклузивна вечера за славните фаци во Беверли Хилс, каде што ја промовираше новата колекција за кожа Goop Glow од нејзиниот бренд, а забавата имаше едно строго правило – шминка не е дозволена.
На забавата присуствуваа 40-годишната Кејт Хадсон, 57-годишната Деми Мур, како и 47-годишната девојка на Кијану Ривс, Александра Грант.
Овие прекрасни жени го испочитуваа правилото и се појавија без грам шминка на нив, а сепак изгледаа совршено.
Секако, како и секогаш, има некој кој ќе ги прекрши правилата, па Рејчел Зои се појави со маскара и сјај за усни, а уште неколку пријателки на Гвинет открија дека не биле воодушевени од идејата да се појават некаде без грам шминка на нив.
Сепак, поголем дел од овие жени уживаа што се покажаа во природно светло и заблескаа:
M. M. | Црнобело