23-годишната ќерка на Бил Гејтс се вери со млад милионер

Џенифер, најстарата ќерка на Бил Гејтс, во средата сподели дека ќе се венча со младиот милионер од Египет, Најел Насар.

23-godishnata-kjerka-na-bil-gejts-se-veri-so-mlad-milioner-01.jpg

„Најел Насар, ти си посебен. Овој викенд ме изненади на најзначајната локација. Едвај чекам да ги поминеме нашите животи учејќи, растејќи, смеејќи се и сакајќи се. Да, милион пати“, стои во нејзината објава.

На фотографијата, направена на нивното скијачко патување, Џенифер изгледа навистина изненадена од запросувањето. Може да се забележи и нејзиниот огромен дијамантски прстен.

Џенифер неодамна заврши биологија на Универзитетот Стенфорд и сега е студент по медицина. Кога не учи, таа патува со Насар, со кој е заедно веќе четири години.

И 28-годишниот Насар завршил на Стенфорд, на факултетот за менаџмент и економија.

Како Џенифер, и младиот милионер сподели фотографија со која ја најави свршувачката:

„Таа рече да! Се чувствувам како најсреќниот маж на светот. Џен, ти си сè што можам да замислам… и многу повеќе. Едвај чекам да продолжиме заедно на ова патување наречено живот и едноставно, не можам да го замислам мојот без тебе. Тe сакам повеќе од што можеш да замислиш.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg