Кралски кондоми
- Детали
- вторник, 01 февруари 2011
Откако сликите на најпознатиот британски пар принцот Вилијам и неговата свршеница Кејт Мидлтон се појавија на сите порцелански чаши, сите чаршафи...
...британците решија да направат и кондоми со нивна фотографија.
Компанијата "Crown Jewels Condoms" на пазарот се појави со специјално пакување кондоми со фотографија на Вилијам и Кејт како заводливо се гледаат во очи, со слоганот “легнете и мислете на Англија“.
Во промотивните материјали се наведува дека водењето љубов е незаборавен настан, баш како и кралската венчавка.
Во Британија, производот е проценет како крајно „невкусен“. Пакувањето содржи 3 кондоми во златна боја и се продава за 5 фунти.