Марк Ентони ја бакнува 24-годишната сопруга, а Парис Хилтон блесна во фустан со кристали на Billboard Latin Music Awards 2023 (фото)
- Детали
- петок, 06 октомври 2023
За разлика од претходните години, на овогодишното издание на Billboard Latin Music Awards немаше многу светски познати ѕвезди, но Парис Хилтон, како и Марк Ентони со младата сопруга дефинтивно издоминираа на црвениот тепих.
Синоќа, 5-ти октомври, се одржа 30-тото издание на Billboard Latin Music Awards, a меѓу присутните беа некои од најпознатите имиња од светот на латино музиката.
Марк Ентони (55), кој доминира во овој жанр, се појави на настанот со 24-годишната сопруга.
Со долг светлозелен фустан украсен со везови, младата Надја Фереира изгледаше беспрекорно.
Пејачот, пак, носеше костум, а додека позираа пред камерите, не ја криеше својата наклонетост кон сопругата.
Марк Ентони имаше и свој настап на церемонијата, додека Надја имаше чест да презентира една од наградите. Додека презентираше, прекрасната Надја носеше елегантен долг фустан украсен со кристали.
На доделувањето на наградите присуствуваше и Парис Хилтон која блесна во долг фустан украсен со многу кристали.
Комбинацијата ја надополни со раскошни белегзии и мала светкава чанта.