Девојката на Кијану Ривс - „Зошто одбрав да не се фарбам?“
- Детали
- четврток, 05 декември 2019
Александра Грант направи бум во светот кога застана до еден од најпосакуваните, но и најнедопирливи мажи во светот на познатите – Кијану Ривс.
Посебна тема на дискусија беше нејзината седа коса, па додека едни коментираа како изгледа како баба, други беа воодушевени од храброста на оваа жена.
Сега конечно и едните и другите го добија одговорот, зошто Александра не се фарба како поголемиот дел од жените?
Со наслов кој објаснува – „Ракот на дојката е поврзан со трајните бои за коса и хемиските средства за исправување на косата. Тоа го потврдија истражувањата на скоро 50.000 жени,“ Александра го изнесе својот став на темата.
„Денешни вести... Бројките се застрашувачки, посебно кога се работи за боење на косата. Прерано ми обеле косата во 20-тите... и ја боев во секоја боја додека повеќе не можев да ја издржам токсичноста на фарбите.
Во моите 30-ти години ја оставив косата ‘руса’... Ја сакам и поддржувам секоја жена која може да одбере како сака да изгледа на било која возраст.
Но, ако жената се разболува или пропаѓа поради стандардите за убавина кои ѝ се наметнуваат, тогаш ајде да разговараме за тие стандарди...
Љубов до сите жени!“
М. Д. | Црнобело