Меган Маркл тајно отпатувала во Њујорк за да ја гледа Серена Вилијамс на US Open
- Детали
- понеделник, 11 ноември 2019
Познатата тенисерка Серена Вилијам сподели навистина интересни новости. Наводно, Меган Маркл тајно отпатувала од Лондон во Њујорк, заедно со нејзиниот новороден син Арчи.
Во септември, војвотката од Сасекс отишла во Њујорк за да го гледа тенискиот натпревар на Серена на US Open.
Во интервју од минатата недела, Серена изјави дека ова било првото соло патување на Меган после породувањето и дека е доказ за нивното неверојатно пријателство.
„Таа долета со новороденчето само за да ме гледа како играм во Њујорк, и се врати истата ноќ. Јас веројатно не би можела да го направам тоа“, вели тенисерката.
Серена и Меган прв пат се запознаа во 2010-та година. Според тенисерката, било одлично да се дружи со луѓе кои прават неверојатни работи и кои се соочени со истиот притисок од јавноста.
„Мислам дека малку луѓе можат да се поврзат на тоа ниво. Мислам дека таа е најсилната личност што ја познавам, најдобрата и најслатката.“
Пријателството на Меган и Серена го привлече вниманието на јавноста во 2018-та година, кога тенисерката присуствуваше на кралската венчавка.
И покрај нивните зафатени распореди, Серена и Меган секогаш наоѓаат време за нивното пријателство.
„Можам да ја побарам во секој момент, расплакана и тажна, и таа секогаш ќе биде овде. Не е битно низ што минува, секогаш одвојува време за мене и тоа е неверојатно.“
Интересно е што Серена го изгуби мечот што го гледаше Меган, а изгуби и уште 3 натпревари на кои присуствуваше војвотката. Ова, пак, го направило тренерот на Вилијамс суеверен. Наводно, тој понекогаш мислел дека присуството на Меган е причина за поразите на тенисерката.
Спирова С. | Црнобело