Вистинската приказна зад фамозните фотки од „ќелавата Бритни“
- Детали
- петок, 01 ноември 2019
Телохранителите на Бритни Спирс им дозволиле на папараците да ја фотографираат пејачката во нејзините најранливи моменти. Најверојатно, за ова добиле поткуп.
Оваа недела се очекува документарецот Britney Spears: Breaking Point, што ќе ја прикаже врската помеѓу славата на пејачката и нејзината битка со менталното здравје.
Документарецот го опфаќа 14-месечниот период (2006-2007), кога животот на поп ѕвездата беше најтежок.
Фризерката Естер Тогнози е сопственичка на салонот каде што Бритни ја избричи нејзината глава и во документарецот таа споделува вознемирувачки вести.
Салонот на Естер се наоѓа во Лос Анџелес и таа само што затварала, кога на вратата се појавила поп ѕвездата.
„Дојде со двајца телохранители, кои наводно внимаваа дека папараците не фотографираат ништо, а еден од нив постојано ја тргаше завесата“, вели фризерката.
Естер го прашала зошто ја трга завесата, кога надвор нема никој. После некое време дознала дека ја тргал завесата бидејќи надвор се криел фотограф.
Естер се присетува и на моментот кога Бритни пристигнала во салонот:
„Чистевме и надвор почнаа да се појавуваат светла. Почнувавме да се прашуваме дали е полиција или можеби амбуланта. Погледнавме надвор и видовме дека некој тропа на вратата, бидејќи секогаш е заклучено.“
Тогаш сфатиле дека тоа е пејачката и кога ја прашале што сака, таа им кажала дека сака да си ја избричи главата. Естер се обидела да ја премисли, но безуспешно.
Естер дури се обидела и да ѝ зборува на Бритни за нејзиниот син, со надеж дека ќе ја премисли. Се обидувала да ја утеши како што знае. Но, нејзе не ѝ било грижа.
Најверојатно, фотографот што успеал да ја фотографира Бритни, како и неговата агенција, заработиле стотици илјадници, ако не и милиони долари.
Естер се присетува и дека кога стигнале другите папараци, почнала дури и да се плаши. Бидејќи околу нејзиниот салон има ограда, папараците почнале да се качуваат еден врз друг, само за да можат да ја фотографираат познатата пејачка.
„Таа знаеше што сака, беше исклучена, беше на мисија, си ја избричи целата глава и излезе“, вели Естер за еден од најпопуларните настани во историјата на поп културата.
Спирова С. | Црнобело