Можеме да учиме од нив – ѕвезди кои мааните не си ги претвориле во комплекси (фото)
- Детали
- сабота, 28 септември 2019
Навикнати сме да ги гледаме само мааните во огледалото, анализирајќи ги сопствените недостатоци и постојано истакнувајќи ги со презир. Но, не смееме да заборавиме дека никој не е совршен.
Дури и луѓето со ѕвезден статус се соочуваат со вакви проблеми поврзани со физичкиот изглед. Дел од нив дури претставуваат и здравствен проблем.
Но, сепак, тие решиле да ги прифатат своите недостатоци и да не прават комплекси од нив.
Навистина може да земеме позитивен пример од:
Кејт Хадсон – клемпави уши
Доколку имате шилести и клемпави уши и премногу време и внимание посветувате на нивното криење, само погледнете ја славната Кејт Хадсон и земете го нејзиниот позитивен пример.
Таа не само што не ги крие своите уши, туку и намерно ја истакнува нивната посебност.
Натали Дормер – парализа на лицето
Актерката имала парализа на нервите на лицето уште од раѓање. Овој дефект е едвај забележлив кога актерката се насмевнува, но може да се види кога лицето ѝ е опуштено.
https://www.instagram.com/p/B12MszXpSc4/?utm_source=ig_embed
Жоакин Феникс – расцеп на усните
Феникс е роден со расцеп на усните. По операцијата, тој останал со лузна помеѓу горната усна и носот. Но, ова не го спречи да стане еден од најуспешните актери во Холивуд.
Парис Хилтон – мрзеливо око
Доколку внимателно ги погледнете фотографиите од Парис Хилтон од различни настани, ќе забележите дека таа најчесто позира пред камерата со десната страна.
Ова е затоа што има амблиопија, познато и како слабовидност, односно „мрзливо око“: поради слабите мускули, едното око се чини дека ѝ е многу помало од другото.
https://www.instagram.com/p/B2OiPhVHOCf/?utm_source=ig_embed