Можеме да учиме од нив – ѕвезди кои мааните не си ги претвориле во комплекси (фото)
Форест Витакер – спуштен очен капак
58-годишниот актер има птоза на очните капаци, така што едното око секогаш изгледа малку затворено. Овој проблем може да се реши со операција, но актерот не сакал да го стори тоа: од недостатокот направил негов личен, заштитен знак.
Бил Најџи - Дипитренова контрактура
Кога актерот имал само 20 години, му била дијагностицирана болест која доведува до делумно губење на функцијата на зглобовите. Така, прстите на актерот се свиткани кон дланката со неможност целосно да се исправат.
https://www.instagram.com/p/BnBqmOSHZBf/?utm_source=ig_embed
Вупи Голдберг – нема веѓи
Дали некогаш сте забележале нешто необично во изгледот на Вупи Голдберг? Таа нема веѓи. Актерката еднаш ги избричила и кога почнале пак да ѝ растат, многу ја чешале, па оттогаш, таа редовно ги бричи.
Кејли Куоко – огромна лузна на ногата
По несреќата во 2010 година кога коњ ѝ скокнал директно на ногата на актерката, Кејли била останала со многу оштетена и скршена нога.
За да се стабилизира положбата на коските, лекарите морале да стават две метални шипки во нејзината нога. Денес таа гордо ја носи својата лузна.
(О)Милена | Црнобело