Автомобили за деца и уште 8 чудни работи на кои Кардашијан-Џенер трошат премногу пари
- Детали
- недела, 29 септември 2019
Семејството Кардашијан-Џенер е како синоним за претерување. Од раскошните новогодишни забави на Крис Џенер, до луксузните патувања на Кајли, членовите на ова семејство навистина сакаат да трошат многу пари.
Но кога ќе разгледате малку подобро, ќе сфатите дека не само што сакаат да трошат, туку неретко, тие ги трошат парите на најчудните и најнеобичните нешта.
Огромни цветни дезени – над 50.000 долари
Изгледа дека девојките од ова семејство навистина сакаат цветови. Помеѓу сите одмори, забави и родендени, познато е дека ова семејство троши и по 100.000 долари за персонализирани цветни дезени.
На пример, откако се роди малата Норт, Ким доби цветен аранжман од рози кои се три пати поголеми од обичните и кои можат да траат цела година. Само 100 вакви рози чинат 1.500 долари.
Колекција чанти – над 15.000 долари
Омилените чанти на ова семејство се чантите Birkin, чија цена е од 15.000, па сѐ до 100.000 долари.
Колекцијата што ја има Ким содржи Birkin чанти во секоја боја, форма и големина. Крис Џенер, пак, во својот гардеробер има и знак на којшто пишува „Ми требаат пари за Birkin“.
Автомобили – над 1,4 милиони долари
Изминативе неколку години, изгледа дека сите во семејството си купиле непотребни автомобили едни на други. На пример, Кајли доби Ferrari од 1,14 милиони од нејзиниот партнер.
Крис Џенер за роденден доби Ferrari од половина милион, а Ким доби подарок од Канје – Mercedes од 240.000 долари.
Јавно покажување љубов – над 10.000 долари
Ова семејство секогаш претерува, особено кога станува збор за одмори и родендени.
Минатата година, Кајли сакаше целиот Лос Анџелес да дознае дека таа и Сторми го сакаат Тревис Скот, па изнајми цел билборд за неговиот роденден.
Тревис, пак, го покри домот на Кајли со ливчиња од рози кои чинеле неверојатни 50.000 долари.