Синот на Наоми Вотс сè повеќе личи на девојче – во фустани, со долга руса коса (фото)
- Детали
- петок, 20 септември 2019
Шарлиз Терон беше веројатно првата мајка во шоу бизнисот која отворено и без срам го прошета синчето облечено во женска облека, розов фустан и фризура како девојче.
Но, изгледа помеѓу славните станува „тренд“ во родителството да ги растат своите деца „неутрални.“
Успешната актерка Наоми Вотс е уште една мајка која ги побива стереотипите и без срам му дозволува на својот син Каи да ја расте русата коса, да носи облека за девојчиња и генерално, да изгледа како девојче.
Пред неколку дена Наоми и 10-годишниот Каи беа забележани на прошетка низ улиците на Њујорк, за каде Каи одбрал да ја собере русата коса во репче, да стави накит и шарени ластичиња по рацете и да облече кратки шорцеви и маичка со пеперутки.
Колку пати претходно Каи носеше фустани и женска облека?
М. Д. | Црнобело