Со што се занимаваат членовите на британското кралско семејство?
- Детали
- недела, 22 септември 2019
Ако сонувате да живеете како принц или принцеза во Дизни филмовите, тогаш тоа е невозможно во вистинскиот живот...
Во реалниот живот, членовите на кралското семејство во Велика Британија присуствуваат на разни настани нон-стоп, водат добротворни цели, се грижат за децата, а некои од нив работат со полно работно време.
Еве со што се занимаваат најпознатите членови на британското кралско семејство:
Кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета Втора е прилично зафатена жена. Учествува во бројни ангажмани со шефовите на државите, одржува забави, дипломатски патувања и друго. Таа сериозно ја сфаќа работата веќе 65 години.
Но дури и пред да биде крунисана, Елизабета била многу сериозна и вредна. За време на Втората светска војна, тогашната 18-годишна принцеза, се приклучила на женската помошна територијална служба и работела како механичар и возач на камиони за војската.
Принцот Филип
Принцот Филип е во пензија веќе некое време. Војводата од Единбург постојано ја следи својата сопруга на многу нејзини ангажмани.
Принцот од Велс
Преземајќи ги официјалните должности на кралството во името на нејзиното Височество, кралицата, принцот од Велс главно се занимава со социјално претприемништво и добротворни активности.
Не е само посветен на разни ангажмани на кралството, како што е неговата драга, стара мајка, тој исто така ги унапредува британските дипломатски интереси со посети во странство.
Војводата и војвотката од Кембриџ
Сега кога принцот Филип е во пензија, а кралицата поминува повеќе и повеќе време дома, Вилијам и Кејт го комбинираат родителството со кралските одговорности, како што се дипломатските посети.
Вилијам завршил географија, а Кејт историја на уметност. Принцот е еден од трите членови на британското кралско семејство во поновата историја кој дипломирал.
Принцот Хари
Хари е познат по својата служба во британската армија. По завршувањето на активната служба, Хари продолжил да волонтира во војската за поддршка на ранетите борци.
Ашера | Црнобело