Меган Маркл плаќа ПР тим за да си го поправи угледот, истиот кој го штитеше Харви Вајнштајн
- Детали
- вторник, 03 септември 2019
Меган Маркл решила дека е време да плати ПР тим кој ќе ѝ помогне да си го поправи угледот во јавноста, а се решила за истите луѓе кои го претставуваа Харви Вајнштајн, кој силуваше и малтретираше познати имиња во Холивуд, како и луѓето кои го бранеа угледот на Мајкл Џексон.
Војвојтката од Сасекс има мали кризи со критиките во последниве неколку месеци, почнувајќи од тоа како го држеше синчето Арчи на првото појавување, па до последните 4 скандалозни приватни летови за само 11 дена, додека со Хари велат дека се грижат за заштита на животната средина.
ПР тимот работи на „рехабилитација“ на угледот на Меган Маркл, кој само кратко ја држеше како миленичка на јавноста, а по венчавката нагло почна да оди во надолна линија.
Во 2015-та истиот тим го бранеше Харви Вајнштајн, кој беше обвинет за силување и малтретирање од многу познати имиња.
Истата година, тимот призна дека менувале и едитирале информации на Wikipedia, по барање на нивните клиенти.
Истиот тим работеше на опоравување на угледот на Мајкл Џексон, по многубројните обвиненија за педофилија.
М. Д. | Црнобело