„Не знае да си го држи бебето“ – Меган Маркл критикувана на првото излегување со Арчи (фото)
- Детали
- четврток, 11 јули 2019
На првото излегување со новороденото синче, Меган Маркл беше искритикувана дека не знае да си го носи сопственото бебе, бидејќи личи дека во секој момент може да ѝ падне.
Меган Маркл за првпат се појави во јавност со синчето Арчи, во лежерно издание, на прошетка во природа.
Заедно со Кејт Мидлтон и нејзините три деца, војвотките присуствуваа на поло натпревар и од страна ги бодреа војводите Вилијам и Хари.
Но, она што никој не можеше да го пропушти на првото појавување на Меган со Арчи, е нејзиното неискуство и доби низа критики дека се бори со бебето во раце.
На неколку фотки може да се забележи како таа едвај го држи синчето и не може да најде вистинска позиција, а критичарите не пропуштија прилика да ја засрамат јавно.
„Изгледа како во секој момент да може да ѝ падне, можела да му стави чорапи и шешир на детето, страшно е како го носи бебето, не знае да си го држи сопственото дете“ се само дел од коментарите кои критичарите ги упатија кон војвотката.
Покрај злобните коментари, Меган доби поддршка од фановите кои го разбираат неискуството и ја оправдуваат.
Први фотки од Меган и Кејт на поло натпревар со сите деца во природа:
М. М. | Црнобело