Инсекти, дрога и порно: Чудни нешта што го добиле своето име во чест на познатите
- Детали
- понеделник, 26 август 2019
Доколку некогаш сте помислиле дека научниците се премногу сериозни, па дури и здодевни луѓе, сега ќе си го промените мислењето. Многу од нив се навистина креативни луѓе со одлична смисла за хумор.
Благодарение на ова, неретко, дури и најнеочекуваните работи добиваат имиња во чест на познатите.
Воден крлеж во чест на Џенифер Лопез
Во 2014-та година во Порторико научниците откриле нов вид воден крлеж. Инсектот бил наречен Litarachna lopezae во чест на Џенифер Лопез. Според истражувачите, додека ги пишувале извештаите биле инспирирани од песните и спотовите на пејачката.
Порно филм во чест на Кристијано Роналдо
Моментално Роналдо е еден од најбараните и најатрактивните фудбалери на планетата. Во чест на Роналдо се крстени аеродром, авион, па дури и галаксија, но еден португалски режисер на филмови за возрасни отишол чекор подалеку.
Карлос Фереира го вметнал името на фудбалерот во насловот на порно филм. Според него, Роландо е светски познат и ова ќе му помогнело да го продаде филмот и надвор од Португалија.
Пиво Мадона
Во 2004-та година една компанија крстила вид пиво Material Girl Ale. Етикетата е иста како омотот на албумот Immaculate Collection а пивото има 7,5% алкохол. Пивото било крстено во чест на враќањето на Мадона во Манчестер.
Сопственикот на пиварата изјавил дека ѝ дале еден пакет од пивото на Мадона, но не знаеле дали го пробала.