Инсекти, дрога и порно: Чудни нешта што го добиле своето име во чест на познатите
Дрога во чест на Бритни Спирс и Кристина Агилера
После долга потрага, полицијата од Њујорк во 2014-та година уапсила двајца дилери на дрога. Нивното фаќање било тешко бидејќи тие си користеле свој „таен“ јазик.
За време на испрашувањето, момчињата изјавиле дека кристалниот кокаин го нарекувале Бритни Спирс, а кокаинот во прав Кристина Агилера. Причината била тоа што никој не би се посомневал доколку две момчиња си разговарале за поп пејачки.
Дињи во чест на Џастин Тимберлејк
Фармерите од Израел решиле да бидат покреативни при одбирањето име за нивниот нов вид диња и го крстиле Џастин Тимберлејк. Ова се случило во 2014-та година, кратко пред концертот на Џастин во Тел Авив.
Фармерите се надевале дека дињата ќе му донесе среќа на Тимберлејк и успех во неговата музичка кариера.
Инсект Бијонсе
Австралиските научници крстиле вид коњска мува во чест на Бијонсе, па официјално инсектот е регистриран како Scaptia (Plinthina) beyonceae. Интересно е што научникот Брајан Лесард ја добил идејата откако открил златни влакна на стомакот на инсектот. Ова, пак, го натерало да помисли на пејачката.
Болест Викторија Бекам
Викторија отсекогаш била позната по нејзината љубов кон големите модни додатоци, а токму ова било употребено против неа од лекарите. Тим истражувачи откриле дека оние кои носат големи чанти имаат поголеми шанси да страдаат од редовни болки во грбот и воспаление во рамената.
Па, синдромот го нарекле Poshitis. Како што веќе знаеме, Викторија долго време го имаше прекарот Пош (Posh).
Спирова С. | Црнобело