Кортни е единствената Кардашијан која не се срами од стриите (фото)
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Денес ретко кога славните, особено Кардашијанс се во центарот на вниманието поради некоја навистина позитивна причина.
Социјалните мрежи постојано привлекуваат негативно внимание врз нив, па кога фановите ќе видат нешто што не прави да се чувствуваат лошо, навистина се задоволни. Овој пат вниманието го привлече Кортни Кардашијан.
На Instagram е објавена фотка од Кортни на нејзиниот брод со црн костим за капење. Она што им го привлече вниманието на фановите се видливите стрии на нејзиниот задник, кои таа не се обидела да ги скрие, за разлика од сестрите.
Една нејзина обожавателка била толку воодушевена што Кортни решила гордо да ги покаже своите недостатоци, па ѝ се заблагодарила што ги охрабрува, а ѕвездата одговори дека си ги сака своите стрии.
И другите Instagram корисници не останале рамнодушни - дел од многуте позитивни коментари:
„Сакам кога можам да видам стрии и нормално тело.“
„Ми се допаѓа што си дозволила да ти се познаваат стриите! Горда, згодна мајка!“
„Всушност можете да ѝ ги видете стриите и токму вака изгледа реалното тело.“
„Овие стрии ми помагаат да ги прифатам моите.“
„Стрии! На Кардашијан! Ова е причината што си ми омилена.“
Спирова С. | Црнобело