Обвинувања за дрога и неверство - разводот на Мајли и Лиам кулминира, а таа ужива со девојката
- Детали
- четврток, 15 август 2019
Мајли упати остри обвинувања кон Лиам, но тој тврди дека ова ѝ е добро осмислена драма за да го прикрие нејзиното неверство.
По одморот во Италија, Мајли Сајрус и новата девојка Кејтлин Картер продолжуваат да се забавуваат заедно во Лос Анџелес.
Тие беа фотографирани како комфорно уживаат во возењето, додека разводот на Мајли добива ужасна насока.
Она што на почетокот беше смирена разделба и со добри желби за среќа и продолжување понатаму, полека се претвора во пекол.
Двете страни имаат драстично различни приказни околу причините за крајот на 7-месечниот брак. Протекоа шокантни обвинувања за консумирање на дрога и неверства.
26-годишната Мајли наводно се обидувала да го спаси бракот, но не можела да го прифати претераното консумирање на алкохол на Лиам, како и користењето на одредени видови дрога.
И пејачката се има борено во минатото со зависноста од супстанции, но наводно сега ѝ било тешко да го прифати тоа кај партнерот.
На ова Лиам коментира дека се измислици и посочува дека причината е всушност неверството на Мајли. Тој вели дека Мајли шири вакви невистини само за да го тргне фокусот од вистинската причина за крај на нивната љубов.
Причината за разделбата на парот кој се состануваше со прекини околу 10 години и беше 7 месеци во брак изгледа допрва ќе се открие.
Прочитајте и Изјава на Мајли Сајрус и 6 други ѕвезди за самозадоволувањето!
Мајли со новата девојка:
С. С. | Црнобело